Photo: agelioforos.gr |
"Благодарение на разновидните активности на Семакедонските здруженија, гласот на нашата Македонија одекнува во секој можен агол на светот" – рекол Караоглу веднаш по средбата, додавајќи дека со сплотеноста и одлучноста со кои ги бранат правата на македонската почва,организациите од дијаспората се пример за националното единство.
„Ние, Македонците не сме научени да се потчинуваме. Не нè изразува тоа. Како што Александар Велики, ги ширеше грчкиот јазик и писменоста низ целиот свет, така и ние сме повикани да продолжиме беспрекорно да ја покажуваме историската вистина, покажувајќи го нашето огромно културно наследство, кое сме должни да го пренесеме на идните генерации Македонци. Министерството за Македонија и Тракија (Υπουργείο Μακεδονίας-Θράκης) е со и ќе продолжи да биде со луѓето кои се душата на Македонците- иселеници. Денес, повеќе од било кога е потребно да се здружат силите, за да ги активираме Македонците кои се насекаде“ – рекол министерот за Македонија и Тракија на средбата со членовите на грчката дијаспора.
„За сите нас, Македонија е коренот “ – рекла Нина Гаѕули ( Νίνα Γκατζούλη) од Семакедонските организации (Παμμακεδονικές Ενώσεις Υφηλίου), додавајќи дека е горда што има македонско потекло.
Теодорос Караоглу ( Θόδωρος Καράογλου), им честитал за успешно завршената конференција, на која како што објави Канал 5, побараа за нашата земја да не се прифати име што ќе го содржи терминот Македонија, додека пак тој на свеченото отворање на конференцијата рече дека Македонија била, е и ќе биде една и вечно грчка.
Сања Ристовска
http://kanal5.com
24/7/13
-
-
No comments :
Post a Comment
Only News