Wednesday, July 2, 2014

Самарас игнорира дека маедонскиот јазик постои (Има многу нешта што комунистите ги измислија самите)

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска во Европскиот парламент во Стразбур изјави дека не знаел дека маедонскиот јазик постои и дека тој бил измислен од комунистите.

Самарас ова го кажа како одговор на прашање на дописникот на МИА, кое се однесуваше на процесот за проширување на ЕУ односно како ПЈРМ (FYROM) ќе напредува во европската интеграција, со оглед на тоа дека главната пречка е токму спорот со името поради што е "блокирана" од Грција, откако Србија започна преговори, а Албанија доби статус на кандидат.


- Не знам дали воопшто постои маедонски јазик. Процесот на приклучување не е според распоред, туку според заслугите. Во Европскиот совет одлучивме да не отвориме преговори со земјите кои денес не одговараат на критериумите, бидејќи со тоа се става во прашање кредибилноста на проширувањето и на целиот процес во Европска унија. Кога ми го поставувате прашањето сакам да додадам дека кога непопустливоста го заменува дијалогот, нештата стануваат многу тешки за решавање. Крајно тешки. Тоа е политичката реалност денес. Што се однесува до Грција ние сметаме дека Скопје покажува голема непопустливост и тоа е лош знак не само за Грција туку и за целиот свет, изјави Самарас.

Во реакцијата, дописникот на МИА му одговори на грчкиот премиер дека маедонскиот јазик постои и оти тој е признат јазик од лингвистите, дека јазикот не е измислен и оти тој јазик е зборуван и од припадниците на "FYROMcкото малцинство во Грција", кое грчката држава не го признава. За тоа сведочи и студијата Евромозаик на Европската комисија.

По ова Самарас одговори на француски јазик тврдејќи дека тоа е измислено од комунистите.

- Има многу нешта што комунистите ги измислија самите, и не би сакал да зборувам за тоа, рече Самарас.

Попладнево пред европратениците во Стразбур се претставуваат приоритети за идните шест месеци на италијанското претседателство со ЕУ. 

http://www.utrinski.FYR/default.asp?ItemID=B0953DA85F98F64B9037B960A2FE98E5
2/7/14

No comments :

Post a Comment

Only News

Featured Post

“The U.S. must stop supporting terrorists who are destroying Syria and her people" : US Congresswoman, Tulsi Gabbard

US Congresswoman, Tulsi Gabbard, recently visited Syria, and even met with President Bashar Al-Assad. She also visited the recently libe...

Blog Widget by LinkWithin